Спорт

БОМБА од Италија: Милан го пушта Донарума во ПСЖ, но за возврат го бара…

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан и ПСЖ на лето би можеле да направат многу интересна трампа.

Имено, интересот на ПСЖ за Џиџо Донарума е познат, а неговиот менаџер Мино Раиола настојува да го пресели својот „пулен“ во Париз.

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се спремни да го пуштат Донарума во ПСЖ, но само доколку за возврат го добијат Едисон Кавани.

Пазарната вреност на двајцата фудбалери изнесува околку 70 милиони евра, а познато е дека Уругваецот не е задоволен во ПСЖ.

Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека двете страни многу лесно би можеле да ја договорат оваа спектакуларна трампа.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top