„Бомба“ од Италија: Манчини го презема Милан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Роберто Манчини може да седне на кормилото на Милан.

Италијанецот наводно е несреќен во Зенит и сака да се врати во Италија, а „росонерите“ веќе ги оствариле првите контакти и го сакаат за наследник на Гатузо.

Веста денес ја објави „Газета дело Спорт“ и тврди дека поранешниот тренер на Интер веќе остварил контакт со директорите на Милан, Фасоне и Мирабели. Тој е во одлични односи со нив уште од времето кога сите работеа во Интер.

53-годишниот стратег дал зелено светло и сака да се врати во Серија А бидејќи не е задоволен од животот во Русија.

Манчини во јуни го презеде кормилото на Зенит и годишно заработува 8 милиони евра, но е спремен да прифати и помала плата само да се врати во Италија.

Милан неодамна му врачи отказ на Монтела и го назначи Гатузо за нов тренер, но легендата е само привремено решение, бидејќи „росонерите“ сакаат да донесат големо тренерско име.