„Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ се враќа во Интер?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми утрово лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте сака да го врати Ибрахимовиќ во Интер.

Италијанските медиуми пишуваат дека Конте разгледува опции за ангажирање напаѓач во јануари, а изборот паднал на три имиња.

Прв на листата е Марио Манџукиќ, кој наводно е блиску до Манчестер јунајтед, па тешко може да се поверува дека ќе го избере Интер.

Второ име е Златан Ибрахимовиќ, кој лесно би можел да се врати во Европа, а последна опција во моментов е Оливие Жиру од Челзи.

Ибрахимовиќ иако има 38 години игра фантастично во МЛС и не ја затвора вратата за враќање во Серија А, а Интер е место каде што со успех играше цели три години.