БОМБА од Апенините: Милан тргнува по еден од најдобрите фудбалери во светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан новата сезона ја отвори добро, но тоа се уште не е нивото кое навивачите на славниот клуб го посакуваат.

Милан донесе голем број на засилувања во летниот преоден рок, целта е излез во Лигата на шампиони, но раководството сака да изгради тим кој ќе може да се бори за Скудетото.

Веќе е позната првата трансфер желба на „росонерите“ за зимскиот преоден рок, а тоа е Алексис Санчез од Арсенал.

Најугледните италијански и англиски медиуми денес ја пренесоа оваа бомбастична вест и тврдат дека Милан нема да жали пари за да го донсе Санчез на „Сан Сиро“.

Чилеанецот одби да го продолжи договорот со Арсенал, па „топџиите“ ќе мораат да го продадат во јанури доколку сакаат нешто да заработат.

Милан нема проблем да му ја даде посакуваната плата на Чилеанецот, но ќе треба да се избори со жестоката конкуренција, пред се од Манчестер Сити.