„Бомба“ од Апенините: Марсело побарал трансфер во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заменик капитенот на Реал Мадрид, Марсело го информирал раководството на клубот дека сака да биде продаден во Јувентус во јануарскиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.

Бразилецот уште во летниот преоден рок беше трансфер цел на „старата дама“, но „кралевите“ не сакаа да слушнат за негова продажба. Сепак, Марсело сега ги известил дека нема намера да го продолжува договорот и сака трансфер во Италија.

Според информациите Марсело го известил раководството на клубот за својот план, а претседателот Перез останал разочаран.

Се претпоставува дека Реал доколку му дозволи на Марсело да замине за неговиот потпис ќе бара сума помеѓу 50 и 60 милиони евра, а не се исклучува и трампа со Алекс Сандро.