„Бомба“ од Апенините: Конте се враќа во Италија, преговара со…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте е вистинска сензација оваа сезона во Премиер лигата и е на добар пат да ја освои титулата со Челзи, но италијанските медиуми тврдат дека би можел да се врати во Италија на крајот на сезоната.

Според „Ла Република“, Конте страда од носталгија, не може да се прилагоди на животот во Лондон и сака да се врати во Италија, а неговите агенти веќе започнале преговори со Интер.

Кинеските сопственици на „нероаѕурите“ сакаат да направат шампионски тим и првата желба за кормилото е токму Антонио Конте, па нема да жалаат пари да го донесат на „Џузепе Меаца“.

И останатите медиумите од Италија ја потврдуваат веста и тврдат дека Пиоли ќе го предводи Интер до крајот на сезоната, а потоа можно е да го наследи Конте.

На Островот пак тврдат дека Конте наскоро ќе потпише нов побогат договор со Челзи и ќе остане на „Стенфорд Бриџ“.