Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еминентниот италијански весник „Кориере дела Сера“ пренесува дека Антонио Конте ќе седне на клупата на Интер по завршувањето на сезоната.
Италијанскиот стратег доби отказ во Челзи пред почетокот на оваа сезона, а и покрај бројните понуди не сакаше да превземе ниту еден тим на сред сезона.
Меѓутоа на тренерската работа веројатно ќе се врати на лето, а според италијанските медиуми тој веќе постигнал договор со раководсвото на Интер.
Позицијата на Спалети во Интер е разнишана после „скандалот“ со Икарди и гоотво сигурно ќе добие отказ на крајот на сезоната, без оглед на конечниот пласман и дали тимот ќе избори пласман во Лигата на шампиони.
Новинарот на „Кориере дела Сера“, Марио Скончерти ексклузивно пренесува дека Конте веќе постигнал договор со „нероаѕурите“ и на лето ќе седне на кормилото на Интер.
Притоа, италијанскиот стратег побарал од раководството да не го става Икарди на трансфер листа, па ќе се обиде да ја „испегла“ ситуацијата бидејќи го сака Аргентинецот во својот тим.
Конте зад себе има богата тренерска кариера. Со Јувентус и Челзи освојуваше шампионски титули, но сигурно од раководството ќе побара да го „одврзе кесето“ за да формира тим по своја мерка.
💣 #Inter #Sconcerti 'esonera' #Spalletti: "#Conte prossimo allenatore"https://t.co/qENPImsmSO
— calciomercato.it (@calciomercatoit) April 1, 2019