Актуелно

Бомба на светската политичка сцена: Ким Јонг-ун го покани Трамп на средба, а тој…

Ако оваа размена на покана и прифаќање се реализира во пракса, ова ќе биде случување без преседан на глобалната политичка сцена во која овие двајца моментално се едни од главните „актери“.

На светската политичка сцена осамна вест без преседан. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го покани на средба американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп преку неговиот Twitter профил одговори дека ја прифаќа поканата. Поканата за разговорите што би требало да се одржат во мај, беше вистински шок, оценува BBC и додава дека повикот од Ким до Трамп го пренесоа членовите на делегацијата на Јужна Кореја кои дојдоа во Вашингтон по дводневни разговори со севернокорејската делегација во Пјонгјанг.

Разговорите меѓу двете делегации, на кои еднаш присуствувал и самиот лидер на Северна Кореја, траеја два дена и резултираа со некакви пресвртници во односите меѓу двете Кореи, но исто така и го изненадија светот со одлуката на Ким Џонг Ун дека е подготвен да стави „вето” на нуклеаризацијата на својата земја ако му бидат пружени доволно цврсти меѓународни гаранции дека нема да има закани на адреса на Северна Кореја.

По ваквата одлука на севернокорејскиот лидер, јужнокорејскиот претседател веднаш реагираше и порача дека тоа е „огромен напредок во насока на мирот”.

Трамп, како што соопшти на Twitter, ја прифати поканата на Ким и веднаш му порача дека тоа е „супер”, но дека санкциите што ги наметнаа САД врз Северна Кореја продолжуваат да важат додека не се стави на хартија она што го најави Ким Џонг Ун.

Досега ниту еден американски претседател се нема сретнато со лидер на Северна Кореја, а односите меѓу двете земји со години се толку лоши, што немаат ни дипломатски преставништва.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top