Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ги договорил сите услови со дефанзивецот на Реал Мадрид Рафаел Варан за негов трансфер на „Олд Трафорд“, пренесуваат шпанските медиуми.
„Диарио гол“ лансираше „бомба“ и тврди дека Варан ги договил личните услови за трансфер во Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен во Реал, а „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 90 милиони фунти.
Доколку оваа понуда биде доволна за да се убедат „кралевите“ да го пуштат дефанзивецот, тогаш Варан ќе биде најскапа ѕвезда во тимот заедно со Погба, кој за истата сума пристигна од Јувентус во 2016 година.
Мурињо веќе подолго време е во потрага по врвен дефанзивец, а никогаш не ги криел симпатиите кон Варан со кого работеше за време на неговиот престој во Мадрид.
Тешко е да се поверува дека Реал ќе му дозволи на 25-годишниот Французин да замине, но медиумите тврдат дека Французинот не е задоволен на „Сантиаго Бернабеу“ и инсистира да биде продаден.