БОМБА: Мурињо го стави Погба на трансфер листа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го вклучил и името на Пол Погба во списокот на фудбалери кои можат да бидат продадени ова лети, пренесуваат англиските медиуми.

Според „Дејли Мејл“, Мурињо го загубил трпението со најскапиот фудбалер и му соопштил на раководството дека Погба може да биде продаден ова лето. Меѓутоа, прашање е дали некој клуб ќе испрати понуда која ќе ги задоволи барањата на „црвените ѓаволи“.

Неодамна менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека Погба му бил понуден од страна на неговиот агент Мино Раиола уште во зимскиот преоден рок.

Во последните месеци медиумите на Островот често пишуваат за конгликт помеѓу Погба и Мурињо, а факт е дека во вториот дел од сезоната Французинот повеќе е на клупата, отколку на теренот.

Според „Дејли Мејл“ на трансфер листата се уште и имињата на Антони Марсијал, Матео Дармијан и Дејли Блинд.