„Бомба“: Јувентус со спектакуларна понуда за Нејмар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус се вклучи во трката по Нејмар, кој е на излезна врата од Пари Сент Жермен.

Нејмар јавно истакна дека сака да го напушти ПСЖ, а најсериозни кандидати за неговиот потпис беа Барселона и Реал Мадрид, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.

„Бјанконерите“ посакуваат тандем Нејмар – Кристиано Роналдо и се спремни да го понудат Пауло Дибала плус 100 милиони евра за потписот на Бразилецот.

Притоа, Јувентус е подготвен да му плати на Бразилецот 37 милиони евра, исто колку што добива во Франција.

Нејмар преферира да се врати во Барселона, но е спремен да ја прифати понудата на „старата дама“ бидејќи сака по секоја цена да замине од ПСЖ.

Проблем за Барса е и тоа што ПСЖ не сака да се откаже од Нејмар без обезбедена негова замена, а „светците“ токму во Дибала гледаат негова идеална замена.