Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако им се верува на шпанските медиуми, Антоан Гризман веќе донел одлука за својата иднина.
Имено, порталот „abc.es“ пренесува дека Французинот одлучил да ја одбие Барселона и тоа им го соопштил на своите пријатели.
Наместо трансфер на „Камп Ноу“, Гризман ќе потпише нов договор со Атлетико Мадрид со кој ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот.
Гризман неколку пати повтори дека неговата иднина ќе биде решена пред Мундијалот. Медиумот тврди дека решил да остане во Атлетико каде е „прва виолина“, а во Барса тоа е невозможно покрај Лео Меси.
Голема улога за неговата одлука одиграл и фактот што е среќен во Мадрид, како и тоа што Атлетико му понуди навистина богат договор.
Оваа вест денес како „бомба“ одекна во сите медиуми, а дали е вистина ќе дознаеме набрзо, бидејќи Гризман официјално ќе ја соопшти одлуката пред почетокот на Мундијалот.