Home Спорт „Бомба“: Барселона се договори со Дембеле!

„Бомба“: Барселона се договори со Дембеле!

Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона постигнала комплетен договор со Осман Дембеле и наскоро ќе испрати понуда до Борусија Дортмунд.

Раководството на Барселона е во потрага по замена за Нејмар, па иако во медиумите се споменуваат многу имиња, сепак првата желба на Каталонците е Осман Дембеле.

Шпанските медиуми потврдија дека Барселона постигнаа договор со играчот и наскоро ќе испрати официјална понуда од 80 милиони евра до Борусија Дортмунд.

Останува да видиме дали „милионерите“ ќе се согласат да ја продадат својата ѕвезда за оваа сума, но самиот фудбалер инистира да му биде дозволено да трансферира во Барселона.

Трансферот на Дембеле не го исклучува трансферот на Филипе Кутињо кој и понатаму останува на радарот на Каталонците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…