Болт започнува да тренира со Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт ќе започне да тренира со германскиот фудбалски гигант Борусија Дортмунд, потврди клубот од Бундес лигата.

„Борусија Дортмунд, бидете подготвени во петок“, порача Болт и додаде дека не се шегувал кога зборуваше за своите фудбалски аспирации.

Управата на Борусија Дортмунд исто така потврди дека 31-годишниот Болт утре ќе тренира со тимот и дека тренингот ќе биде отворен за јавност.

31-годишниот Јамајканец ја прекина својата кариера на крајот на минатата сезона по Светското првенство во Лондон. Тој многупати истакна дека сака да започне фудбалска кариера и не крие дека е голем фан на Манчестер Јунајтед.