Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најбрзиот човек на планетата логично би било да промовира сè што е поврзано со брзината и суперлативот „најбрзо“, но легендата од атлетските патеки, Усеин Болт, во овој случај се фокусира не на најбрзиот, туку најпрактичниот електричен автомобил. Да, Болт си ја пробува среќата и во автомобилската индустрија.
Најбрзиот човек на светот , повеќекратен победник на 100 и 200 метри , се реши да не промовира најбрз автомобил , тука еден од најпрактичните. Името на електричниот авотмобил е Болт Нано.
Беше претставен на саемот за технологија Виватек во Париз, а промоцијата се случува откако Болт успешно ги претстави своите скутери и тротинети на електричен погон. Автомобилот има простор за две лица, со компактни димензии и погоден за паркирање во урбани средини.
Техничките податоци се уште не се познати, освен дека батериите лесно ќе се менуваат и ќе има почетна цена од 9 999 долари.