Болт не успеа во фудбалот, а сега сака трка со три фудбалски ѕвезди!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


саин Болт е вистинска легенда во светот на атлетиката и еден од најголемите во овој спорт, пишува Спортски.мк.

После пензионирањето Болт се обиде да започне фудбалска кариера, меѓутоа после неколку одиграни неофицијални пријателски натпревари во Австралија не постигна договор со клубот на Централ Кост Маринерс, па одлучи да стави крај на кратката авантура.

Денес тој се појавува на разни церемонии, а неговите изјави секогаш привлекуваат внимание.

Сега во интервју за ФИФА откри зошто не продолжил со фудбалот, меѓутоа и изрази желба за трка на 100 метри со три фудбалски ѕвезди.

„Сакав да играм фудбал, сепак во мои години постојат и други приоритети и не можев доволно да се посветам. И понатаму ќе играм на пријателски и хуманитарни натпревари. Имам и една посебна желба, би сакал да имам трка на 100 метри со Герет Бејл, Кристиано Роналдо и Килијан Мбапе“, изјави Болт.