Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Маж од Первоуралск работел во болница во тој руски град, претставувајќи се како лекар гинеколог, без воопшто да има било каква допирна точка со таа вокација.
Антон Јарин, 32-годишен маж од Первоуралск, кој неодамна излезе од затвор поради кражба, повторно заврши во полиција – овој пат за кражба на туѓ идентитет. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку идентитет на лекар гинеколог.
Јарин со денови во локалната болница лажно им се претставувал на пациентите дека е гинеколог, со што имал можност да прегледува згодни и атрактивни жени. Но, според руските медиуми, тоа не е единствената лекарска специјалистичка професија која си ја припишал незгодниот тип. Претходно глумел дека е хирург, а сета среќа е што не пробал да влезе во операциона сала.
Неговата „лекарска“ кариера заврши кога беше пријавен од една пациентка. Јарин се обидел да се правда дека во болницата прво дошол како водоинсталатер, а потоа за да посети пријател, но изговорите не му поминале кај официјалните полициски лица.
Иако беше фатен на дело, откако беше заклучено дека не украл ништо, Јарин бил пуштен на слобода.