Болна работа: На детски лизгалки и нишалки залепиле жилети и сечила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Локалната полиција од англиското гратче Отон на нивниот Фејсбук профил сподели снимка од жилети и сечила кои ги пронашле залепени на лизгалки и нишалки во едно детско паркче во градот и спречиле евентуална трагедија отстранувајќи ги пред некое дете да си нанесе стравични повреди со нив.

„Страшно е да се помисли што би се случило кога овој пеколен план би успеал и какви би биле последиците. Не можам ни да замислам дека постои некој кој би посакал да искасапи деца на игралиште“, изјавија официјални локални лица.

Полицијата ги предупреди сите граѓани да бидат внимателни, а родителите да ја прегледаат опремата на игралиштата пред да ги пуштата децата да ја користат.

„Кој и да го направил ова, на децата би им нанел сериозни повреди. Бидете сигурни дека правиме се да откриеме кој стои за овој случај“.