Боли за гледање: Вака изгледа дробење на 230.000 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На милионерот Захид Кан полицијата во април минатата година му го заплени скапоцениот автомобил поради сомнеж за кражба.

Захид немаше прописни документи за автомобилот Ferrari 458 Spider, вреден 200.000 фунти (230.000 евра), поради што полицијата со причина се посомневала дека возилото е украдено.

Сопственикот на автомобилот се правдал дека возилото е купено преку посредник на аукција, како и дека документите ќе им бидат дополнително доставени.

Но, на суд дознал дека полицијата веќе одобрила уништување на автомобилот поради „несоодветна состојба за сообраќај и неважечко осигурување“.

„Ова е мојот Ferrari кој полицијата незаконски го здроби. Им требаше една година за да ја објават снимката, баш ме интересира зошто“, напиша Кан покрај видеото кое го објави на својот Фејсбук профил., додавајќи дека автомобилот бил осигуран, како и дека бил уништен без да знае тој.