Болдвин повторно го ремети Трамп – овој пат на руски јазик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Алек Болдвин не престанува да го ремети новиот претседател на САД, Доналд Трамп, со своите сатирични скечеви. Овој пат го „прозва“ Трамп на руски јазик.

На Инстаграм Болдвин објави своја фотка на која носи црвена капа, на која со руско кирилично писмо испишано е „Да ја направиме Америка повторно голема“, слоганот со кој Трамп настапи на изборите.

Америка објави дека, сепак, Русија стои зад скандалот со хакирање на e-mail пораките од противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон, во текот на предизборната кампања, на што Трамп, кој се залага за подобрување на односите помеѓу САД и Русија, одговори дека е сигурен оти Русија нема ништо со тоа.

Од CNN се нафрлија на Болдвин за написот на качкетот, со тврдење дека слоганот не е граматички точно напишан.