Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холивудскиот актер Алек Болдвин направи спогодба со семејството на убиената снимателка Халина Хачинс, која трагично загина во несреќа со наполнет пиштол на снимањето на филмот Rust, пренесува CNN.
Детали за сумата што ја нуди Болдвин не се познати.
Покрај тоа, сопругот на Хачинс, Метју, ќе учествува во понатамошната продукција на филмот и ќе работи како продуцент и ќе добие дел од профитот. Филмот ќе продолжи со снимање следната година.
„Немам интерес да обвинувам или да ја префрлам вината (на продуцентите или г-дин Болдвин). Сите веруваме дека смртта на Халина беше страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и филмската заедница се собраа да го му оддадат чест на последното дело на Халина. “ наведе Хачинс во соопштението.
Потсетуваме, во февруари оваа година семејството на снимателката која случајно беше убиена од Алек Болдвин на сетот на филмот Rust го тужеше американскиот актер и побара „суштинска“ отштета за нејзината смрт.
На снимањето на тој нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал вистински куршум во кинематограферката Халина Хачинс, која набргу потоа почина. Адвокатот Брајан Паниш, кој ги застапува нејзиниот сопруг Метју и синот Андрос, тврди дека „намалувањето на трошоците и невнимателното однесување“ на Болдвин и другите продуценти на Rust ја предизвикале трагедијата.
До судот доставил список со „најмалку 15 стандарди“ кои продуцентите не ги почитувале на снимањето на филмот. Тие вклучуваат употреба на боева муниција, недостаток на квалификувани пиштоли на снимањето и недостаток на заштитна опрема за филмската екипа.