Advertisements
Спорт

Боксерскиот спектакл без победник: Фјури преживеа два нокдауна, мечот заврши нерешено!

Боксерскиот спектакл на годината помеѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури заврши без победник.

Тајсон Фјури доминираше во најголемиот дел од мечот, но два пати се најде во нокдаун, во деветата и дванаесетата рунда од кои успеа да се врати. Овие два моменти го чинеа победа.

Иако ретко се случува, судиите беа едногласни во одлуката и битката на двајцата титани во тешка категодија заврши со нерешен резултат.

Вајлдер влезе во рингот со скор 40-0, од кои 39 победи се нокаут, додека Фјури има 27-0, од кои 19 се нокаути. Вајлдер истовремено беше бранител на ВБЦ-појасот, но немаше изразита доминација, а во борбата имаше блесок со два удари, во деветтата и дванаесеттата рунда.

На крајот резултатот од судиите беше нерешен: 115:111 за Вајлдер, 114:110 за Фјури и 113:113. Се шпекулира дека ќе има реванш на Вембли.

По завршување на борбата и двајцата боксери сметаа за себе дека се победници.

Advertisements
To Top