Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Боксерската икона Мани Пакјао официјално ги поднесе документите за неговата кандидатура за претседател на Филипини.
Легендарниот боксер со тоа стана првиот политичар кој и официјално изјави дека се кандидира за изборите за највисоката функција во оваа азиска земја, што треба да се одржат следната година, јави ДПА.
Пакјао (42), кој во моментов е сенатор, вети дека, доколку победи на изборите и стане претседател на Филипини, ќе се бори против сиромаштијата и корупцијата и ќе ја реши пандемијата на коронавирусот.
Тој, исто така, вети дека ќе ги подобри Интернет услугите и ќе ги намали трошоците за електрична енергија на Филипините.
-Мојата кандидатура не е само за мене и моето семејство, туку и за филипинскиот народ, рече Пакјао.
Откако ја поднесе кандидатурата до Комисијата за избори во рамките на политичката партија Промди тој кажа дека се надева дека „ќе им даде подобра иднина, особено на оние кои страдаат долго време”.
-За оние кои крадат од филипинскиот народ, вашите среќни денови во владата се изброени, додаде тој. „Ова е мое ветување кон фипипинскиот народ и кон Бога”.
Пакијао има своја политичка партија, Движење на народниот шампион, а, исто така, е член и функционер на владејачката политичка партија ПДП-Лабан на актуелниот претседател Родриго Дутерте, пренесе ДПА.
Но, тој кажа дека избрал да ја поднесе својата кандидатура под логото на Промди, политичката партија која е сојузничка со ПДП-Лабан, но влезе во кавга со Дутерте, чија фракција во владејачката коалиција се залагаше за уште еден негов претседателски кандидат.
Комисијата за избори од денеска до 8 октомври ќе ги прифаќа пријавите за кандидатура за претседател, потпретседател, сенатори и илјадници локални позиции за изборите во мај 2022 година.