Боксерската легенда Флојд Мејведер ќе го плати погребот и комеморациите за Џорџ Флојд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот американски боксер Флојд Мејведер објави дека ќе ги плати трошоците за погребот на 46-годишниот Џорџ Флојд, човекот чија смрт предизвика бран протести во САД.

Мејведер понуди помош на семејството на Флојд, поточно да ги плати трошоците за погребот закажан за 9 јуни во Хјустон, а семејството ја прифати понудата. Боксерот ќе ги плати трошоците и за комеморациите што ќе се одржат во Минесота и Северна Каролина.