Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатиот бугарски тешкаш Кубрат Пулев минатиот викенд во Калифорнија ја запиша првата победа над Богдан Дину, вкупно седма во серија. Но, многу повеќе во медиумите се зборува за тоа што боксерот го направи по победата во рингот отколку за самата победа.
После боксерскиот меч, Пулев даваше изјава за новинарката Џени Суше, со која и претходно имаше правено интервјуа, а која работи за Vegas Sports Daily.
Разговорот течеше нормално до самиот крај. Тогаш, раскрвавен од распуканата лева аркада, боксерот во еден момент ѝ се фрли на Џени и ја бакна во уста пред камерите, а таа остана целосно збунета од неговата постапка.
?? In case you haven’t watched it – this video of Bulgarian heavyweight boxer Kubrat Pulev kissing a female reporter after his win over Bogdan Dinu the other night has gone absolutely viral on social media pic.twitter.com/4VswieC6av
— mshumanov (@shumansko) March 25, 2019
Џени не стигна ни да реагира, а со оваа постапка Пулев веднаш заврши на насловните страници од медиумите, меѓу кои и угледните ESPN, Sky Sports и The Guardian. Видеото од бакнежот стана вирален хит на социјалните мрежи.
News.com.au пренесува дека Џени и Пулев се само добри пријатели. После оваа ситуација која одекна во медиумите, а која некои ја нарекоа понижувачка за новинарката, Пулев не почувствува потреба да се извини што со крв на лицето, пред камерите и пошироката јавност, одлучи да направи таков интимен гест.
Kubrat Pulev ended his post-fight interview by kissing reporter Jenny Sushe on the lips. pic.twitter.com/4eMYcJWrUD
— ESPN UK (@ESPNUK) March 26, 2019
Сепак, тој се огласи на социјалните мрежи со цел да се одбрани себеси од прозивките. Пулев, исто така, потенцираше дека нема ништо повеќе од пријателство меѓу него и Џени.