Бокс спектакл под отворено небо: Ице Трајкоски со победа ги израдува Прилеп и Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа во Прилеп се одржа професионална бокс ревија насловена како Profi Boxing Night Prilep. Бокс спектакл кој ретко се гледа и кој уште долго ќе се памети.

Настанот беше во организација на Про Бокс Македонија и бокс мајсторот од Прилеп, Дарко Чатлески, а љубителите на боксот уживаа во четири извонредни бокс мечеви и тоа под отворено небо.

Во рингот настапија Наполот Токри (Албанија) VS Божидар Илиќ (Србија), борба која на поени ја доби Албанецот; Даниел Марку (Aлбанија) VS Мартин Станев (Бугарија), борба која со технички нокаут во втората рунда ја доби Албанецот; Новак Радуловиќ (Србија) VS Дарко Стевановиќ (Србија), борба во која на поени победи Новак Радуловиќ.

Настанот доживеа кулминација кога домашниот боксер Ице Трајкоски излезе во рингот против Бугаринот Енсар Осман.

Публиката со скандирање и овации го поздрави Трајковски, кој тргна агресивно и уште во првата рунда му зададе течнички нокаут на Осман.

Потоа следеше славје со неговиот тренер Дарко Чатлески и целиот негов тим, како и со публиката која дојде да го бодри својот сограѓанин.

Настанот се одржа на отворено на Градскиот базен „Маркови Кули“ и беше беспрекорно организиран со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, па публиката и гостите уживаа во боксерскиот спектакл.

Целата борба помеѓу Ице Трајкоски и Енсар Осман можете да ја видете во видеото подолу!