Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денес, во Основниот кривичен суд Скопје, започнува судењето за „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети за измама и перење пари се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска.
Предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска, како втор судија и Софче Гаврилова –Ефремова како претседател на судечкиот совет.
Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови, за што вкупно исплатиле над 1 милион евра.