Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, понудил повеќе од 140.000 евра вредносна гаранција за да излезе од притвор, пренесува Фокус.
Ова било соопштено на јавната седница во Апелацискиот суд на која обвинетиот треба да ја образложи жалбата на решението за продолжување на притворот од 7 февруари 2020 година.
Како гаранција тој ја нуди куќата во вредност од околу 102.000 евра и деловен простор, локал во вредност од 40.000 евра или вкупно скоро 143.000 евра. Дел од куќата е на негов прв братучед и локал на неговата мајка.
Одбраната бара неговата жалба да се уважи и Јовановски да се брани од слобода, да му биде одреден куќен притвор или други мерки на претпазливост.
Неговиот адвокат како аргумент плус ја образложува неговата здравствена состојба за којашто треба посебен режим на исхрана, кој не може да се спроведува во затвор.
Јовановски е повеќе од седум месеци во притвор, за разлика од другите обвинети во случајот “Рекет”. Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева е во куќен притвор и другиот обвинет, Зоран Милевски – Кичеец кој беше осуден, и до правосилноста на просудата е во куќен притвор.