Advertisements
Актуелно

Бојкот во Хемиско: Не сакаме Албанец за директор

Во Средното хемиско училиште „Марија Склодовска-Кири“ денеска немаше настава на македонски јазик затоа што професорите кои предаваат во овие парлалеки излегоа пред училиштето на протест. Тиа ја бојкотираат наставата затоа што за в.д. директор е поставен нивен колега кој е етнички Албанец.

Професорите се револтирани затоа што новиот в.д. директор е назначен без најава и без одобрение од Училишниот одбор. Велат дека уште повеќе се испровоцирани затоа што по назначувањето на новиот в.д. директор, на социјалните мрежи се појавиле коментари: „победивме, го земавме и Хемиско“.

-Тоа е многу лош исказ и лоша објава. Ние не сакаме директорот да биде Албанец, бидејќи имавме лошо искуство пред неколку години. Гимназиските паралелки кои ги отворивме ги изгубивме, 3-4 години веќе како не се запишуваат ученици во овие паралелки – велат професорите.

Во моментов во хемиското училиште „Марија Кири Склодовска“ има 28 паралеки на македонски и 16 на албански јазик, кои функционираат во различни смени.

Advertisements
To Top