Бојко Борисов јавно се откажа од неговиот пратенички мандат


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Премиерот на Бугарија во заминување, Бојко Борисов, преку видео-стрим на својот Фејсбук профил објави дека поднел изјава до Централната изборна комисија, со која се изнаснува дека одбива да биде пратеник во новиот состав на бугарскиот Парламент во Софија.

Оваа изјава стана вирална по посетата на Борисов на манастирот Рила, каде разговараше со неговиот игумен Евлогиј и изврши инспекција на градежните поправки на патот кон Рилскиот манастир, што беше затворен поради лизгање на земјиштето.

Според Борисов, иако тој ги добил лидерските битки во двата повеќемандатни региони во кои е избран (Софија и Пловдив), тој нема потреба да ужива пратенички имунитет.

-ГЕРБ победи на изборите во 24 од 31 региона, а моите политички противници во 3, 2 и 1. Изборите се одржуваат со цел да се формира влада и да се има стабилна влада, за да може да се спроведе тоа што го велат политичарите. Ајде почитувајте се едни со други – зад секој политичар стојат гласовите на многу луѓе, повика Борисов.

Во утринскиот блок на БНТ, познат пратеник од ГЕРБ, Тома Биков, соопшти дека нивната партија е подготвена да предложи пет кандидати за премиерското место. Според Биков, ГЕРБ сега почнува да го одредува составот на својот преговарачки тим за консултации во новоизбраниот бугарски Парламент.