Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бојан Костов се закити со бронзен медал на Светското првенство за кадети јуниори и помлади јуниори што се одржуа во Сантјаго, Чиле.
Бојан остварил пет победи против ривали од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето било 0-0, но по судиското изјаснување подобар бил противникот од Обединетите Арапски Емирати, Саед Ал Наџар, кој подоцна во финалето го освоил златениот медал.
Ова е најголем успех за Бојан во неговата кратка кариера, во која е актуелен европски вицешампион за кадети од ЕП во Алборг и освојувач на бронзен медал на медитеранското првенство во Анталија.
На СП во Чиле учествуваат 1.557 каратисти од 96 држави.