Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако помина повеќе од десет дена во притворското хашко одделение во Шутка, Бојан Јовановски беше однесен на лекарски прегледи на Клиниката за дигестивна хирургија поради претходно извршен оперативен зафат.
Од затворот во Шутка вчера потврдија дека притвореникот Јовановски е вратен во притвор и е во добра здравствена состојба.
Во меѓувреме останаа дилемите дали Катица Јанева наредила форензичко бришење на податоци во компјутерите во СЈО. Обвинители оттаму велат дека постепено се отстрануваат дел од незаконски прислушуваните материјали кои институцијата ги доби, но тоа не го поврзуваат со случајот Рекет. Но и немаат информации дали можеби има некаква наредба за други активности кои евентуално би имале директна врска со тој случај.
Сепак дел од експертите велат дека и доколку имало бришење на податоци поврзани со случајот Рекет, со вештачење може да се утврди дали е сторено тоа и се постапувало спротивно на законот. За поранешниот инспектор во МВР Љубомир Ѓурчевски спорно е и тоа што обвинителството за организиран криминал и корупција кое ја води истрагата за рекетот не ги проверило досега компјутерите во СЈО, со се зголемуваат сомнежи во јавност.
Се уште трае и вештачењето на вториот мобилен телефон на Јанева, кој беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, иако обвинителката тврдела дека мобилниот апарат бил изгубен во Белград.