Бојан Јовановски однесен на увид во доказите за „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Проосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, по втор пат оваа недела е пренесен од затворот во Шутка до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Овој пат таму е за со неговиот адвокат заедно да направат увид во доказите врз основа на кои го сомничат во случајот Рекет.

Тој во понеделникот беше повикан на распит но не го даде својот исказ бидејќи како што изјави неговиот адвокат биле известени дека истражната постапка за случајот била завршена.

Поради ова Боки 13 одбил да ја даде својата одбрана и тоа ќе го стори откако ќе направи увид во доказите.

Инаку утре истото ќе го прави и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева. Ниту таа вчера не даваше исказ пред Обвинителката Русковска.