Home Актуелно Бојан и неговиот адвокатски тим ја најавија кривично-правната операција со кодно име „Бумеранг“

Бојан и неговиот адвокатски тим ја најавија кривично-правната операција со кодно име „Бумеранг“

Откако пристигнаа информации од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека шефот на обвителството, јавниот обвинител Ислам Абази, постапувајќи по барањето на Бојан Јовановски попознат за јавноста како Боки 13, веќе оформил предмет и го распределил кај надлежен јавен обвинител на постапување, информираме дека со ова започнува кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг”, се вели во дописот до медиумите од правниот тим на осудениот Бојан Јовановски.

Во дописот се вели:

Ја поздравуваме итноста и ажурноста при постапувањето од страна на јавниот обвинител Ислам Абази и очекуваме пред се темелна, ефикасна и непристрасна разрешница од страна на надлежниот обвинител кој ќе постапува по предметот. Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот „Бумеранг” бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител.

Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. “бомби” , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилно постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител.

Исто така, напоменуваме дека подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпоцнатиот процес со кодно име „Бумеранг”. Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите.

Јавноста благовремено ќе биде известена за термините и динамиката определена од страна на надлежниот обвинител за текот на целиот процес и во рамки на законски дозволеното ќе бидат споделувани информации во јавноста кои нема да ја компромитираат иницираната кривично правна операција со кодно име „Бумеранг” .

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…