Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради „непрофесионализам“, реформаторот Петар Богојески синоќа од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил разрешен од функцијата заменик генерален секретар на партијата.
Богојески е сменет поради „непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела“.
Тој е еден од лидерите на иницијативата за реформи во партијата. Богојески често ги критикуваше политиките на сегашното и претходното лидерство на партијата.
Тој останува член на ВМРО-ДПМНЕ.