Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жителите на општина Богданци утре ќе се изјаснуваат околу изградбата на рудникот за катоден бакар во Казандол. Право на глас имаат околу 7000 лица запишани во Избирачкиот список, а референдумското изјаснување е предвидено да се одржи на 12 избирачки места во општината.
Граѓаните ќе може да се изјаснат дали се за да се стопира или не изградбата на рудникот во Казандол, но и ќе може да одговорат на прашањето за тоа дали би дозволиле експлоатација на било каква руда во иднина во границите на оваа општина.
За успешно спроведување на референдумот е неопходно на гласањето да излезат минимум половина плус еден од запишаните избирачи во Избирачкиот список во општина Богданци. Притоа, мнозинството од излезените граѓани треба да се одлучат за стопирање на изградбата на идниот рудник во Казандол. Во согласност со македонската легислатива, одлуката на граѓаните од референдумското изјаснување е дефинитивна, по што општинските власти ќе бидат приморани да ја спроведат.