Богатенг лично му дал „корпа“ на Мурињо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Жером Боатенг лично му се јавил на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за да му каже дека одлучил да остане во сегашниот клуб и веќе нема интерес од трансфер на „Олд Трафорд“.

Германецот беше една од трансфер целите на „Специјалниот“ бидејќи упорно бара засилување за одбраната. Двете страни одржаа првични разговори кога Манчестер Јунајтед беше во посета на Баерн пред неколку дена.

Според „Билд“ во последен момент новиот тренер на германскиот клуб Нико Ковач го убедил Боатенг да остане на „Алијанц Арена“. Тоа лично му го објаснил 29-годишниот дефанзивец на Мурињо.

Останатите тројца централни дефанзивци, поврзувани со трансфер на „Олд Трафорд“, се Тоби Алдервеирелд (Тотенхем), Хари Мегваер (Лестер) и Јери Мина (Барселона).