Богаташката тврди дека на „слугите“ не им треба слободен ден и пасош


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кувајтската Инстаграм ѕвезда, мејк-ап уметницата Сондос Алкатан, која има влијание врз над 2,3 милиони следбеници кои ги има на споменатата социјална платформа, се најде на удар на јавна критика поради нејзините поплаки на новиот закон со кој се подобруваат правата и условите за работа на филипинските работници кои работат во куќите од кувајтските богаташи.

Сондос, како што сама тврди, се нервира што „слугите“ смеат да имаат по еден слобден ден секоја работна недела и дека ќе можат да си ги задржат пасошите. На социјалните мрежи таа го објави своето бесно ломотење, кое почна да се шири и споделува многу брзо.

„Како можете дома да имате слуга кој си го задржал пасошот кај себе? Што е најлошо, добиваат и еден слободен ден секоја недела. Ако побегнат назад во својата земја, кој ќе им ги врати мене парите за нив? Искрено, не го поддржувам тој закон. Не сакам веќе слугинка од Филипини“, вели препотентната Алкатан.

Кувајт, земја сместена меѓу Ирак и Саудиска Арабија, во мај донесе закон со кој им се подобрува положбата на вработените од Филипини во таа земја. Законот е донесен после неколкумесечни затегнати односи меѓу двете земји во однос на тоа прашање.

Во февруари Филипини им забрани на своите граѓани да патуваат во Кувајт, откако 29-годишна Филипинка беше најдена убиена и осакатена во еден напуштен стан во таа блискоисточна држава.

Сондос соработуваше со Max Factor и MAC, а нејзините критичари бараат од сите големи компании да ја раскинат нивната соработка и договори со неа поради оваа изјава.