Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ќерката која сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, ја има со ријечанката Славица Радиќ Еклстон може да се дозволи што ќе посака.
Но, изгледа дека нема пари на светот кои можат да купат добро чувство и вкус за стил, барем ако се суди според нејзиниот последен моден испад.
Петра Еклстон за празниците, во друштво на сестрата Тамара, отпатува во Лос Анџелес, каде пред еден ресторан беше фатена од објективите во издание кое „боде очи“. Јакната, во комбинација со останатиот моден избор, беше вистинско промашување.
Кичестата јакна таа ја искомбинира со розова маичка и кожени хеланки кои никако не одговараа на нејзината фигура, бидејќи само го истакнуваа недостатокот на килограми. А чевлите веројатно не треба ни да се коментираат, бидејќи „перфектно“ ја заокружија оваа бесмислена комбинација.