Богаташите и нивното богатство – кој колку „тежи“ и за колку време станал милијардер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познат факт е дека светските милијардери од сите страни на светот во голема мера ги држат конците за многу нешта во свои раце, па поради тоа се и своевидни легенди на нивното време. Но, некои од овие подолу се и вистински рекордери кога станува збор за стекнување на милијардерски статус во краток временски период.

На само 23 години Марк Закерберг, основачот на светски најпознатата социјална платформа Фејсбук, беше „чудото од дете“ кој стана милијардер благодарение на популарноста на социјалната мрежа која прерасна во технолошки гигант.

Ворен Бафет, пак, основачот на „Беркшир Хетавеј“, Ворен Бафет го основа статусот на милијардер на 56 годишна возраст – по 26 години откако за првпат станал милионер. И Бафет и Закерберг сега се меѓу десетте најбогати луѓе во светот.

„Бетвеј“, онлајн веб-страница за обложување, користејќи ја листата на милијардери создадена од „Форбс“ и Индексот на милијардери на „Блумберг“ открива колку време им било потребно на најбогатите луѓе во светот да стигнат од милионер до милијардер.

Шелдон Андерсон (38 милијарди долари) – му биле потребни 40 години за да ја заработи првата милијарда.

Ли-Шау Ки (30,7 милијарди долари) – му биле потребни 27 години за да стекне статус на милијардер.

Ворен Бафет (84,8 милијарди долари) – 26 години до првата милијарда.

Карлос Слим (71,1 милијарда долари) – исто 26 години за статус милијардер.

Чарлс Кох (60, 3 милијарди долари) – му требале 22 години за да ја заработи првата милијарда.

Бернар Арно (79,3 милијарди долари) – му биле потребни 21 година за стекнување статус милијардер.

Мајкл Блумберг (49,9 милијарди долари) – исто 21 година до заработување на првата милијардар.

Амансио Ортега (69 милијарди долари) – му требале 16 години за да стане милијардер.

Роб Волтон (41,3 милијарди долари) – 14 години за милијардерски статус.

Дејвид Кох (60,3 милијарди долари) – 10 години за да стане милијардер.

Џим Волтон (41,4 милијарди долари) – милијардер за 10 години.

Џек Ма (38,2 милијарди долари) – 10 години до првата милијарда.

Хуи Ка Јан (33,6 милијарди долари) – 10 години од статус милионер да стане милијардер.

Стив Балмер (36,3 милијарди долари) – од милионер до милијардер за 8 години.

Лери Елисон (55,4 милијарди долари) – милијардер за 7 години.

Бил Гејтс (90,3 милијарди долари) – од првиот милион до првата милијарда му биле потребни 5 години.

Лери Пејџ (47,3 милијарди долари) – милијардер за 5 години.

Сергеј Брин (46 милијарди долари) – милијардер за 5 години.

Алис Волтон (41,1 милијарди долари) – милијардерка за 4 години.

Ма Хуатенг (44,1 милијарди долари) – милијардер за само 3 години.

Џеф Безос (114,8 милијарди долари) – од милионер до милијардер за само 2 години.

Марк Закерберг (61,1 милијарди долари) – милијардер за само 1 година.