Богата програма со македонски ѕвезди за Нова Година во Скопје!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со повеќедневна богата програма, Градот Скопје со финансика поддршка на Македонски Телеком и Пивара –Скопје, и оваа година организира незаборавна забава за дочекот на НОВАТА 2017 ГОДИНА, на плоштадот Македонија.

– Градот Скопје и оваа година подготви интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016 година. Од 24 декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје, кој ќе се одржува под мотото „Подари Среќа“. Базарот ќе биде место каде сите посетители ќе можат да купат интересни подароци за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколади и многу други производи. За најмладите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот, а истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, претстави и настап на магионичарот Кристијан. Дедо Мраз и оваа година ќе пристигне на 31 декември во 11:30 часот, кога ќе се приклучи на новогодишната парада. Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни попладневни (after-work) забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи, истакна градоначалникот Трајановски.

pres-konferencija-za-docek-na-nova-godina-1
Директорот на секторот за маркетинг и комуникација на Македонски Телеком, Радмила Димова ја претстави централната музичката програма за 31 декември, која ќе биде проследена со неколку минутен огномет.

– Македонски Телеком веќе 10-та година по ред се вклучува во прославата за дочекот на Новата Година во Скопје. Забавата ќе започне во 19:30 часот со DJ Douz, потоа настапува Адријан Гаџа од 21 до 22 часот. Следува Слаткар од 22:10 до 23:10 часот, а Новата година ќе ја дочекаме со настапот на Каролина Гочева, кој ќе започне од 23:15 до 00:15 часот и настапот на Миле Кузмановски, кој што ќе ги забавува присутните се до 01:30 минути по полноќ. На дочекот на Новата Година ќе имаме одлична македонска музика, со многу познати песни и рефрени и сигурни сме дека ќе имаме одлична забава. Ги поканувам сите граѓани на Република Македонија да ни се придружат овде во Скопје на плоштад „Македонија“ заедно да ја дочекаме Новата Година – кажа Димова.

И оваа година каде дел од богатата програма за дочек на Новата Година ќе се одржи веќе традиционалната Дедомразовска трка.

– Во пресрет на божиќните и новогодишните празници навистина ни е големо задовоство што и оваа година се вклучивме во целокупната празнична магија. Дедомразовската трка оваа година ја организираме по трет пат и на наше големо задоволство истата предизвика огромен интерес. Пивара Скопје секоја година се вклучува во настани што се поврзани со заедницата, настани што се поврзани со семејните традиции. Ни претставува задоволство што и оваа година се вклучуваме во дочекот на Новата Година и помагаме истата да ја направиме повесела и поинтересна за оние кои се заинтересирани да ги проследат дел од содржините кои ги нуди Градот – кажа Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, претставник од Пивара Скопје.

Градот Скопје оваа година издвои 3 милиони денари за организацијата на Новогодишниот базар и дополнителни 2 милиони денари за дочекот на Новата Година.