Боемите ќе густираат винца на битолскиот „Боемски вински салон“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 27 декември, денес, во Битола, во фоајето на битолскиот Народен театар, со почеток во 15 часот, за прв пат ќе се одржи „Боемскиот вински салон“.

,,Завршувајќи ја успешно 2018 година за нашата организација, сакаме на Битола и Пелагонискиот Регион да им понудиме еден нов настан, на кој ќе се запознаеме подобро со малите производители на вино, да ги слушнеме нивните вински приказни и на кој ќе може да се дегустираат вина направени со страст. На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион, да едуцираме за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и животната средина”, велат организаторите.

Организатор на салонот е конвивиумот „Слоу фуд Битола“, со поддршка на Општина Новаци, ЈП „Водовод“, Битола, „Горска вода“, „Бабук“, ЈП „Пазари“, Битола и Народен театар Битола.