Бобан од Авалон апелира на Фејсбук: ДА СЕ ВРАТАТ КОНЦЕРТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА ЈУЛИ!!!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го изескивираме.

Страшно е и поради тоа е цела држава во паника што се има нула визија и минус нула реализација во тоа…

Што после него?

Како да се чувствувам јас да речеме?

Ние сме ги работеле во Белград:
Iron Maiden, Amy Winehouse, Simply Red и барем уште 30 концерти.
Авалон го донесе Bob Dylan во Белград.
И за прв пат… во градот во кој во 1970-те биле Miles Davis и Tina Turner… за прв пат ги донесе ZZ Top, Diana Krall итн…

Сега читам – концертите се вратија таму, EXIT продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту не прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот да речеме, за некој месец и пол.

Треба ли да ја преселам работата скроз таму?

Изминативе три години ја преселив скроз овде.

Еј… лани во Скопје беа: Sting, Lenny, Eros, Bryan Adams. Во една година!!!
Треба ли да ја преселам сега скроз таму?

Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, Авалон има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и дел од соработката со нас.

Имаме како Авалон визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август.

Овој пост е апел!

После него следи катанец.

Ама… само за Македонија.

Бобан Милошески
Авалон Продукција