Боб Марли го има најдобриот совет како и зошто треба се сака една жена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот реге музичар и активист Боб Марли со своите бројни цитати и стихови има инспирирано цела армија луѓе и поклоници на неговата музика и идеологија, меѓу другото, и за меѓучовечката љубов. А тој веројатно го има и најприземниот, најчовечки и најдобар опис за тоа како и зошто еден маж треба да сака една жена.

Тој е еден од ретките реге ѕвезди кои постигнале статус на култна планетарна суперѕвезда, а неговите зборови и до ден-денес се раскажуваат.

„Можеби нема да бидеш нејзиниот прв маж, ни последен или единствен. Сакала пред тебе и можеби ќе сака и по тебе. Но, ако сега те сака зарем е важно нешто друго? Таа не е совршена, но не си ни ти. Вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако таа те смее, те тера два пати да се замислиш, признава дека е човечко суштество и дека греши, држи се до неа и дај ѝ најмногу што можеш да ѝ дадеш”, велел Марли.

„Можеби нема да мисли на тебе секоја секунда во текот на денот, но ќе ти даде дел од себе за кој знае дека можеш да го скршиш – нејзиното срце. Затоа немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, немој да ја анализираш и не очекувај повеќе од она што таа може да ти го даде. Смеј се кога те прави среќен, дај ѝ до знаење кога те излудува и нека ти недостига кога не е во твоја близина”, гласат неговите зборови.