BMW со шегаџиско видео го испрати во пензија директорот на Mercedes – следеше одговор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако се големи ривали, BMW и Mercedes, сепак, покажуваат дека имаат меѓусебна почит и заедничка добра смисла за хумор. Тоа го докажаа и при заминувањето во пензија на Дитер Цече, директор на Mercedes.

Како начин на збогување од легендарниот д-с. Ц. BMW објавија видео смислено и снимено во нивна режија, преку кое му ја честитаа успешната кариера и заслуженото заминување во пензија.

Видеото почнува мирно, прикажувајќи го Цече (поточно, човекот кој го глуми Цече во видеото) како го напушта седиштето на Mercedes за последен пат, ја предава својата картичка и потоа си заминува дома со својот Mercedes S-Class.

Меѓутоа, пресвртот следеше кога тој ја отвори својата гаража од која ѕиркаше класичен Mercedes, веројатно модел 220 од ’50-те години од минатиот век. Но, кога Дитер од гаражата изваде BMW i8 портокалов теренец и замина со возење и со пораката „најпосле слободен“.

„Пензија е кога ќе можете да го оставите своето минато зад вас и да ја приграбите иднината. Фала ти Дитер Цече за многуте години инспиративна конкуренција“, гласи пораката од BMW на крајот од видеото.

Нормално, на оваа шеговита „провокација“ веднаш следеше одговор од Mercedes, од каде го споделија на нивниот Твитер профил ова видео од BMW, но искористија прилика за маркетинг и промоција на новиот електричен EQ подбренд, кој ќе му биде ривал на i моделите од BMW.

Ова не е прв пат Mercedes-Benz и BMW да се „јадат“ меѓу себе на забавен и интересен начин. Кога BMW во 2016 година славеше 100 години постоење, од Mercedes, која е основана во 1886 година, ги поканија сите вработени од BMW да го посетат музејот на Mercedes и да ја видат „комплетната историја на автомобилите“.