Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Германскиот автомобилски гигант BMW донесе одлука со која ја запира испораката на возила на рускиот пазар, но и го запира производството во Калининград. BMW на тој начин се приклучи на се` поголемиот број производители на автомобили кои ги прекинуваат деловните врски со Русија во согласност со санкциите.
„Ја осудуваме агресијата врз Украина и со голема загриженост и ужас ги следиме понатамошните случувања. Поради актуелната геополитичка ситуација, го запираме локалното производство и извозот на рускиот пазар до следната одлука“, изјави портпаролот на BMW.
Како што е познато, BMW пред две години се откажа од изградбата на фабриката во Калининград и го задржа партнерството со руски Автотор. Заедничката фабрика склопува автомобили само од подготвени делови. Минатата година беа склопени околу 12.000 автомобили, додека во Русија се извезени околу 47.000 возила BMW.
BMW вели дека војната го нарушила синџирот на снабдување, особено во однос на испораката на делови од подизведувачите во Украина, а недостигот може да влијае на производството во други погони. Така, фабриката Мини во Велика Британија, по затворањето пред еден месец поради недостиг на чипови, сега мораше да престане со работа поради недостиг на делови од Украина.
Поради недостигот на делови, особено електронски компоненти за електрични автомобили, некои фабрики најавија прекини во производството. Најзагрозени се фабриките специјализирани за производство на електрични автомобили.
Прв реагираше Фолксваген, кој најави дека оваа недела ќе престане со работа во погоните во Дрезден и Цвикау, кои се важни за производството на електрични автомобили. Причината е нарушување во снабдувањето со делови од Украина, особено електронски компоненти произведени од Леони. Германскиот производител на електронски компоненти во Украина има две фабрики и вработува 7.000 луѓе.