BMW „го возвраќа ударот“ на Tesla: Одговор во форма на 530 коњски сили


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Автомобилскиот гигант BMW откри дел од деталите за спецификациите на нивниот нов електричен автомобил во најава, BMW i4, чија промоција на пазарот и почеток на продажба се најавени за 2021 година.

BMW со оваа лимузина ќе се обиде да грабне дел од колачот кој во овој момент го држи американската компанија Teslа со Model 3.

BMW i4 прво ќе пристигне со батерија од 80 киловат часа и мотор од 530 коњски сили кој ќ од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 4 секунди а максималната брзина е 190 км/ч.

Според првите проценки автономијата на BMW i4 би требало да биде околу 600 километри. i4 ќе користи нови батерии кои се значително помали од кај актуелните електрични модели на BMW.

Шпионски фотографии
Шпионски фотографии

Тоа овозможува сместување на батериските ќелии и под возилото и овозможува полесно прилагодување за употреба на поголеми или помали возила.

Оваа генерација на батерии е и појака, што значи дека многу подобро ќе го поднесува брзото полнење. Од BMW велат дека со брзо полнење оваа батерија достигнува 80% за околу 35 минути.

Шпионски фотографии
Шпионски фотографии

Исто така додаваат и дека со такво полнење i4 ќе може да има 62 километри домет со полнење од само 6 минути.