Блумберг плаќа: Милијардерот лично го финансира учеството на САД во Парискиот договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот њујоршки градоначалник, познатиот милијардер Мајкл Блумберг, чековно ќе исплати сума од 4,5 милиони долари за да го покрие финансиското учество на САД во Парискиот договор за климата за оваа година.

Претседателот Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од Договорот и тие станаа единствените што се против него.

Блумберг во интервју за Си-Би-Ес изјави оти се надева дека Трамп догодина ќе го смени мислењето. Поранешниот градоначалник на Њујорк ќе продолжи да дава пари за Договорот за климатски промени, дури и ако САД не се вратат во него.

– Фондација „Блумберг ” ќе го исполни своето ветување за покривање на сите трошоците на САД за климатските промени наметнати од федералната влада, соопшти Фондацијата.