Славни

Блум и Пери им направија божиќна радост до небо на децата во една болница

Орландо Блум и Кејти Пери го искористија предбожиќниот период и расположение за да ги посетат децата во детска болница во Лос Анџелес (Children’s Hospital Los Angeles), каде им организираа вистинска празнична атмосфера која многу ги развесели малите.

22-12-blum-peri1

Децата во болницата го добија она што долго го чекаа и заслужуваат – кај нив дојдоа г-дин и г-ѓа Мраз, кои испадна дека многу личат на Орландо Блум и Кејти Пери, така гласи пораката што се појави на официјалната страница на болницата Фејсбук.

22-12-blum-peri2

Облечени во новогодишни костими како Дедо и Баба Мраз, двајцата се сретнаа со децата и нивните родители, им поделија подароци и автограми и си направија слики. Дури и пееја и божиќни песни со најголемо задоволство.

22-12-blum-peri3

22-12-blum-peri4

22-12-blum-peri5

Advertisements
To Top