Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да имаш и да си ја зачуваш одличната фигура, а особено ако си мајка после породување, е навистина тешка и мачна работа. Но, познатата убавица и модел Ирина Шајк, која пред четири месеци ја роди ќеркичата Леа де Сеин Купер, очигледно, нема проблем со тоа.
Шајк на Инстаграм објави фотографија на која позира во долна облека, а која ја запали со коментари социјалната мрежа. Многумина пишуваат дека Русинката не е само супермодел, туку и „суперчовек“, кога успева да има така витко и стегнато тело толку брзо после бременоста и породувањето.
Две месеци после породувањето Ирина се појави на црвениот тепих во Кан, каде присутните ги остави без здив во жолт фустан со длабоко деколте и висок засек.